Кањонот Ѓојнук во Туркије маѓепсува со убавината на својата неверојатна природа

Кањонот Ѓојнук, во регионот на Кемер, во турскатa област Анталија, на брегот од Средозменото Море, претствува природен резерват и привлекува голем број туристи од целиот свет, пишува Анадолу.

Во кањонот се наоѓаат клисури, карпи, водопади и питка вода.

Кањонот претставува прекрасно дело на природата, преполно со езера, лагуни и водопади. Низ кањонот минува една од десетте најдобри пешачки патеки во светот. Ликискиот пат се наоѓа на листата на најубави пешачки патеки во светот, а неговиот најголем дел минува низ кањонот Ѓојнук. Должината на патеката која минува низ кањонот изнесува 4,5 километри.

Кањонот е домаќин на 1.500 домашни и странски туристи дневно. Во градот, каде температурата на воздухот достигнува 44 степени, луѓето кои сакаат да се разладат, времето го минуваат во кањонот.

Туристите имаат можност да се разладат привајќи меѓу рибите во водата, чија темература летно време варира меѓу 10 и 20 степени.

Догукан Ак, управител на кањонот Ѓојнук, изјави дека од 2009 година досега, бројката на посетители на кањонот се зголемува за околу 25% секоја година.

Тој истакна дека кањонот е природен парк со површина од околу 3.000 хектари.

Извор: Анадолу.

фото: Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds