На брегот на Охридското Езеро, покрај познатата пешачка зона „Студенчишта“ се наоѓа плажата „Кадмо“ од која се пружа неповторлив поглед на старот дел на градот Охрид. Од овде се гледа буквално цело историско наследство, па панорамскиот поглед почнува од црквата Св. Јован Богослов на Канео, продолжува на „Плаошник“ и завршува до „Самуиловата Тврдина“, а оние кои подобро го знаат Охрид, ќе забележат дека се гледаат и куполите на „Света Софија“, познатите куќи „Робевци“ и „Уранија“ и уште многу детали од охридскиот Варош и Месокастро.
Од „Кадмо“ се гледа и новиот дел на Охрид, и скоро се што има покрај шеталиштето „Кеј Македонија“.
СПЕКТАКУЛАРНИ ЗАЈДИСОНЦА
Од оваа плажа се пружа неверојатен поглед на зајдисонцата над Охридско Езеро и боите кои небото и водата ги имаат кога сонцето потонува во планините кои се издигнуваат над езерото од западната страна.
Patuvanja.mk топло Ви препорачува доколку сте во Охрид да одите на плажа „Кадмо“ приквечер и со дорбро друштво и чаша вино да уживате во зајдисонцата кои се на разгледницата.
На плажата има кафе бар , лежалки, слободен дел прекирен со песок и одлично одржувани тревници, како и детско игралиште.
Околу плажата има столетни дрва кои прават природни сенки за оние кои не сакаат сонце.
КРИСТАЛНО ЧИСТА ВОДА
Во делот на „Кадмо“ езерото има кристално чисти води ( можете да погледнете во видеата ) и езерското дно природно е прекриено со камен.
На површината на водата има и две пластични платформи кои плутаат на водата и се користат за скокови во вода или пристап на помали пловила како и за кајакарење и други спортови на вода.
ВИДЕО ОД ПЛАЖА КАДМО