Продолжуваат ископувањата во древниот Олимпос во Анталија

о древниот град Олимпос во округот Кумлуџа, во турското летувалиште Анталија продолжуваат археолошките ископувања, известува Анадолу.

Урнатините од грчкиот, римскиот и византискиот период ја збогатуваат туристичката понуда на ова подрачје.

Оние кои сакаат море, песок и сонце, како и историски и културен туризам, ги посетуваат остатоците на античкиот град кои се наоѓаат на двете страни од реката што се влева во морето. Домашните и странските туристи кои престојуваат во околните туристички објекти или доаѓаат во ова подрачје на еден ден, ја користат можноста да го разгледаат древниот град, но и да уживаат во прекрасната плажа што се наоѓа во близина.

Ископувањата во ова подрачје започнаа во 2006 година, а последните три години се одвиваат во текот на целата година. Оваа година покрај ископувањата, се планираат конзерваторски и реставраторски активности.

Стариот град Олимпос се наоѓа во подножјето на планината покрај брегот на Средоземното Море, а некогаш бил еден од најважните градови на Ликија, старовековен регион во сегашна Анталија. Градот е населен во третиот век пред новата ера, а оттогаш до денес, сочувани се ѕидовите, римскиот театар, византиската базилика, некропола, житница…

извор: Анадолу.

фото: Орхан Чичек Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds