Градот Котор во Црна Гора, на брегот на Јадранското Море, дом е на илјадници мачки, а на своите посетители им пружа вистинска средновековна атмосфера, известува Анадолу.
Котор се смета за најубавиот град на Бока Которска. Тој е симбол на традицијата, културата и историјата на поморството, медитеранството и венецијанството во Црна Гора.
Котор, град на трговците и познатите морепловци, основан е од страна на Римјаните во 168 година, а се смета за најдобро сочувана средновековна урбана средина. Средновековната архитектура и многубројните споменици на културното наследство го вметнаа Котор на листата на светско природно и културно наследство на УНЕСКО во 1979 година.
Камените згради со разнобојно цвеќе на прозорците и дрвени капаци, продавниците и црквите ги враќаат посетителите од сите страни на светот во минатото.
Мачките, исто така, низ историјата доаѓале во овој град, останувале во него и опстојувале благодарение на храната што им ја давало локалното население. Се верува дека тие го штитат градот од зло, а посетителите ги дочекуваат уживајќи под сончевите зраци на градските ѕидини и тротоари.
Поради верувањето дека го чуваат градот, мачките станаа заштитен знак на Котор. Бројни продавници нудат разновидни сувенири со лик на мачки, а во Котор има и Музеј на мачките.
извор:Анадолу.
фото:Анадолу.