Туристите воодушевени од глетката на водопадот Гирлевик

 Водопадот Гирлевик во турската област Ерзинчан со доаѓањето на пролетта станува една од популарните туристички дестинации, известува Анадолу.

Водопадот Гирлевик, кој настанува со соединувањето на водата од девет различни извори во селото Калечик на падините на планината Мунзур, годинава нуди прекрасна глетка поради топењето на снегот на планините и обилните врнежи од дожд.

Водопадот, оддалечен 35 километри од центарот на градот Ерзинџан во истоимената турска област, се слева од 40 метри височина. Во пролетните денови, благодарение на поројните врнежи, овој водопад е домаќин на голем број домашни и странски туристи што доаѓаат со туроператори.

Избран од оние што сакаат да се извлечат од стресот на градот и да останат сами со природата, овој водопад на 21 октомври 2021 година е регистриран како „Природна локација – Квалитативно природно заштитено подрачје“. Водопадот Гирлевик го привлекува вниманието на туристите со својата бујна природа и свежиот воздух.

Ѓокан Атеш, еден од посетителите што допатувал од Бурса, за Агенција Анадолу (AA) изјави дека ова е првпат да дојде да го види водопадот Гирлевик.

Зборувајќи дека водопадот создава прекрасна глетка и изобилува со уникатна природна убавина, Атеш рече: „Не очекував да биде толку прекрасен. Многу ми се допаѓа ова место. Ова е место каде што секој треба да дојде и да ужива во прекрасната природа.“

Бурџу Боќе, локален жител, рече дека водопадот Гирлевик добива поинаква убавина во летните месеци и додаде: „Нашиот водопад стана уште поубав со затоплувањето на времето. Оваа година и дождовите беа многу плодни (обилни). Водопадот боди (?нуди) една поинаква убавина. На сите им препорачувам да дојдат да го видат ова место.“

извор: Анадолу.

фото: Кемал Оздемир Анадолу.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds