КОМИТЕТИ – уникатен кафе бар во стариот дел на Валона

Во една куќа во стариот дел на Валона се наоѓа еден необичен кафе бар, кој се вика „Комитети“ ( на Албабски јазик значи Комитет ).

Името на кафе барот доаѓа од името на куќата каде се наоѓа, а во која во време на комунизмот бил сместен Комитетот на Комунистичката партија на Албанија.

„Комитети“ е едно уникатно место, кое во задниот дел има прекрасна летна тераса во која се засадени банани, може да се забележат кај нас познатите собни растенија „Адам“ кои заради благата приморска клима овде растат и во дворовите, а на таваните од барот се поставени принтови од документи и стенограми од состаноците кои се одржувале во овој партиски комитет.

Доколку сте во Валона, топло ви го препорачуваме , кафе барот „Комитети“.

Следете не на Фејсбук:


This will close in 30 seconds